Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Листа на стрелци кај пом.пионери на ФК Вардар, после 16 одиграни кола во лигата
Листа на стрелци кај пом.пионери на ФК Вардар, после 16 одиграни кола во лигата

Листа на стрелци кај пом.пионери на ФК Вардар, после 16 одиграни кола во лигата

Помладите пионери на ФК Вардар се лидери во лигата после 16 одиграни кола. Избраниците на Сашо Тодоровски освоија вкупно 40 бодови, додека втора е Шкендија со 34 бодови. Црвено-црните имаат и најдобар напад во лигата со 56 постигнати голови.

Двајца играчи во оваа генерација доминираат, што се однесува до бројот на постигнати голови. Тоа се Бесар Гуџуфи и Левент Ибраим кои заедно двајцата постигнаа вкупно 35 голови.

Ова се сите играчи кои се запишуваа во листата на стрелци кај пом.пионери, односно 55 погодоци, со оглед дека еден се смета за авто гол на противникот.

1. Бесар Гуџуфи 23

2. Левент Ибраим  12

3. Игор Јаневски и Теодор Перковски по 3

4. Горазд Попов, Димитар Стоимов и Стефан Стојановски по 2

5. Никола Величковски, Лука Ивановски, Талха Идризи, Сандро Каровски, Давид Љушев, Никола Павлески, Марио Ричков, и Исмет Хјадари по 1 постигнат гол.