Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Горбок: Загрижени сме за иднината на Вардар, не за долговите
Горбок: Загрижени сме за иднината на Вардар, не за долговите

Горбок: Загрижени сме за иднината на Вардар, не за долговите

Во време на прекин на сите спортски настани, Сергеј Горбок како и повеќето играчи на Вардар се во Македонија. Тој за рускиот сајт “Брз центар“ даде свое видување за сегашната состојба и каква е перспективата на напреварувањата кои се во прекин.

Поради епидемијата, сите сме дома и се допишуваме на социјалните медиуми. Клупските проблеми не се решени, само сега се во втор план. Најважно е здравјето“Како што се последните одлуки на Владата, нема да има спортски активности до крајот на мај, а нема да биде можно ниту да се тренира. Вардар и Еурофарм  треба(ше) да се приклучат на лигата во плеј-офот. Но како одминува времето, не гледам смисла да се продолжува шампионатот. Сите ќе бидат надвор од форма, а ќе треба за кратко време да се играат многу натпревари. Тоа може да предизвика повреди кај играчите, па јас мислам дека сезоната е завршена. Исто така одлуката на ЕХФ да се игра во јуни е малку глупава. Зборуваме за професионален спорт, што мора да исполни највисоки барања – нашите, на спонзорите и на гледачите. Но професионалните спортисти не можат да се подготвуваат дома два месеци! Потоа ќе ни треба уште месец дена да се вратиме во форма. Да се почне веднаш со натпревари е кршење на сите професионални стандарди. Многу интереси се измешани во оваа ситуација.

Тој за идината на Вардар како колектив вели:

„Ние чекаме да се решат проблемите толку долго, па подготвени сме да чекаме уште, бидејќи ја разбираме сложената ситуација. А основа на тоа наше верување – дека се ќе заврши добро е довербата кон сопственикот Сергеј Самсоненко. Но повеќе отколку за долговите, ние сме загрижени за иднината на Вардар. Како ќе изгледа во следниот период. Жално ќе биде тоа што се работеше во претходните години, сега да биде „фрлено во вода“. Ни ветија одговори во април, сепак сега и тоа „виси“. Сезонава е многу тешка, и на крајот можеме да бидеме горди. Убеден сум дека ако нешто правиш со чесни намери, на крајот треба да бидеш награден.