Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Андреев на излезна врата !?

Андреев на излезна врата !?

Како што вчера ви донесовме на нашата фан страница шефот на стручниот штаб на ФК Вардар е на излезна врата. До крајот најверојатно му останува само последниот дуел од македонската фудбалска лига на гости во Кратово кој ќе има ревилаен карактер по обезбедената  титула за сезонава на црвено-црните фудбалери.

Оваа вест нормално сеуште е неофицијална , но огромна е веројатноста по информациите кои ги имаме да Фудбалскиот колектив му се заблагодари на рускиот стручњак на клупата на Вардар. Андреев дојде на местото на Боби Милевски по преземањето на клубот од новиот сопственик г-н Сергеј Самсоненко. Во првата сезона не успеаа да се закити со трофеј и што беше најлошо имаше лош пласман на табелата кој не донесе ни излез на европска сцена сезонава. Годинава повторно рано бевме исфрлени од купот на Македонија и сонот за двојна титула кој го сонуваат сите црвено-црни фанови од веќе далечната 1995година кога и беше последната двојна круна рано беше прекинат. Во првенството со огромен број на квалитетни засилувања кој го овозможи раководството на црвено-црните успеа дури во претпоследното коло да ја завери титулата која по една година пауза се враќа во црвено-црните витрини.