Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Победа за титула, Вардар- Ренова 4-1 !!!

(ВИДЕО) Победа за титула, Вардар- Ренова 4-1 !!!

Видео од убедливата победа која не промовираше во Шампион на Македонија по осми пат или вкупно девета државна титула за црвено-црниот тим. Ренова беше лесен залак за момците на Сергеј Андреев кој во третата последователна шанса успееа со три бода да ја запечатат шампионската титула за оваа 2014/2015 натпреварувачка сезона во земјава .

Црвено-црните рано почнаа со атаци со цел да го осигуратаат “насловот “ во ПМФЛ . Уште во 8 минута со една “бомба“ играчот со премиерлигашко искуство Попов покажа дека трите бода и титулата остануваат во Скопје . А пак играчот со мундиалско искуство босанскиот интернационалец Ибричиќ веќе во 26 минута зголеми на недостижно 2-0 за вардарци.  По еден несватлив кикс на одбраната Емини намали на 2-1 во 35 минута. Сепак црвено-црните беа решени да заминат со сигурна предност на паузата и преку Спировски по изведениот прекин пред голот на Незири во 39 минута домаќините поведоа со 3-1 резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел дилемите беа разрешени и Вардар само го трошеше времето на мечот кој беше одамна осигуран . Водството до крајот го зголеми Ибричиќ со својот втор гол овојпат со удар од “белата точка“ кој беше досуден по фаулот над Миранјан  во 87 минута од мечот поставувајќи ги конечните 4-1. За ФК Вардар на овој меч настапија следните играчи :

  • Пачовски, Љамчевски, Бојовиќ,  Грнчаров, Попов,  Глигоров, Спировски,  П. Петковски /по 65 минута Петров/,  Ибричиќ,  Асани /по 75 минута Дашјан/, Блажевски /по 85 минута Миранјан/.

Видео од овој меч и постигнатите пет погодока на истиот може да го погледнете – ТУКА