Прво засилување за црвено-црните девојки за наредната сезона е Хрватската ракометарка од Подравка Андреа Човиќ која игра на најдефицитарната позиција во нашиот тим- пикер. Денес женскиот ракометен колектив објави дека тригодишен договор е подпишан со оваа млада 21-годишна хрватска ракометарка .
Човиќ доаѓа од освојувачот на женскиот куп во Хрватска Подравка и е актуелна репрезенативка на својата земја, таа ги има настапи и сите младински репрезенативни категории претходно. Во лигата на европски женски ракометни шампионки годинава стралаше 12 пати од кој 5 погодока ги постигна против нашиот црвено-црн женски колектив. Во 2013 година од страна на ЕХФ Човиќ беше номинирана во категоријата “најдобра млада ракометарка “ .
Директорот на Вардар г-н Давор Стојановски за клубскиот сајт за ова ново засилување на нашиот женски тим за следната натпреварувачка сезона изјави :
- Се решивме за млада и перспективна ракометарка која допрва треба да „експлодира” и да го покаже и потврди својот квалитет. Пивотменската позиција сезонава ни беше една од дефицитарните позиции, и со својата младост веруваме дека одлично ќе се вклопи во системот на работа на Вардар и ќе внесе свој белег во следните клупски резултати.