-
ФК ВАРДАР Е НОВИОТ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА! Конечно третата меч топка избраниците на Сергеј Андреев ја искористија денеска против тимот на Ренова. 9-та титула за ФК Вардар во историјата на клубот, по пауза од една година повторно титулата доаѓа, таму каде што и, е местото, во витрините на најтрофениот клуб во Македонија.
Одиме во квалификациите од Лигата на Шампионите!Натпреварот започна со иницијатива на Вардар, првиот гол падна во 8-та минута кога по еден прекршок Вардар требаше да изведе слободен удар. Тоа го стори Горан Попов, кој со еден бомба удар од 30-тина метри го совлада голманот на Ренова за 1:0 Вториот гол падна во 26-та минута, по една одлична акција на Глигоров и Блажевски, топката стигна до Сенијад Ибричиќ кој постигнува гол за 2:0 Потоа Ренова имаше одлична шанса преку Емини, кој од пет метри не успеа да го совлада Пачовски, нашиот голман покажа класа во оваа ситуација. Во 35-та минута по една грешка на Љамчевски, Емини ја казни неговата грешка и постигна еден убав погодок за 2:1 Радоста на тетовчани траеше кратко, во 39-та минута Спировски упати еден незгоден шут, пласиран од 15-тина метри и го совлада голманот на Ренова по трет пат денеска. Со овој резултат се отиде и на полувремето.
Вреди да се напомене дека и покрај забраната, Комитска песна се слушаше од под трибините на Арената Филип II.Во вториот дел Вардар започна во ист состав, натпреварот се одвиваше мирно, Вардар до 50-тата минута се најде дури 5-пати во недозволена позиција, што јасно говори кој тим напаѓал на овој натпревар.
56 минута Блажевски шутира од 20-тина метри по земја, но непрецизно покрај голот на Ренова.
58 минута Асани шут но посредина на голот.
87 минута Гоооол за Вардар, од пенал стрелаше Ибричиќ, 5-ти гол за Ибро оваа пролет.
Вардарци цело полувреме напаѓаше, но и внимаваше на својот гол, Ренова беше немоќна да стори нешто повеќе на овој натпревар.
Натпреварот завршни 4:1 за Вардар
ЧЕСТИТКИ ДО МОМЦИТЕ ЗА ОВАА ТИТУЛА, ШТО НИ ЈА ДОНЕСОА!
СЕ НАДЕВАМЕ НА УБАВО ЛЕТО, И НАСТАП ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, ИЛИ ВО ЕВРОПА ЛИГА.
Фото: fkvardar.mk