Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ е МВП на завршниот турнир во купот, Лејно е најдобар голман

Пенезиќ е МВП на завршниот турнир во купот, Лејно е најдобар голман

Екипата на Жрк Вардар убедливо го совлада Металург, освојувајќи го вкупно третиот трофеј во Купот на Македонија. Ова е втора титула во ова натпреварување во низа црвено-црните. Денес сосема заслужено во С.Ц. Јане Сандански нашите девојки на крај го подигнаа трофејот од националниот куп. На крајот беа додели пехарите и поедничните награди за завршниот турнир во купот.

Нашиот најдобар стрелец оваа сезона во ЛШ, Андреа Пенезиќ е прогласена за најдобар играч или МВП. И на овој дуел, заедно со Зебиќ беа најефикасни постигнувајќи по 8 голови. Признанието за најдобар голман го доби, Аманди Лејно која одлично ја замени на голот отсутната Ина Суслина. За најдобар стрелец на завршниот турнир е прогласена Јована Саздовска од тимот на Металург. Вардарки со тоа заокружуваат уште една успешна сезона на домашнта сцена, освојувајќи ги двете титули.