Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар го одбрани трофејот во купот на Македонија

Жрк Вардар го одбрани трофејот во купот на Македонија

Жрк Вардар го освои вториот последователен куп трофеј и ја збогати својата колекција на титули во своите витрини. Металург во поголем дел од првото полувреме достојно се бореше и се покажа како квалитетен противник, одржувајки некаква резултатска неизвесност. Вардарки добро го започнаа мечот, по само 4 минути игра имаа предност од 5:1. Сепак Металург успеаа некако да се врати во игра и да ја намали разликата. Во 9 минута тимот од Автокоманда се доближи на 6:4. Се до 19 минута, противникот успеваше да парира на нашите ракометарки. Со голот на Ристовска од пенал, намалија на 10:8. Тоа беше се што успеаа да направат на овој дуел. До крајот на првиот дел, црвено-црните успеваат да направат серија од 5:0 и да се одлепат на плус седум гола позитива(15:8). На полувреме се замина со предност од 17:11. За одбележување е погодокот на Ливриниќ од 9 метри, после поставен блок на нашите ракометарки.

Вториот дел започна со голот на Зебиќ, но Металург врати со два погодоци во серија за намалување на 18:13. Најголемата предност ја достигнуваме во 39 минута, кога со голот на Пенезиќ за прв пат имаме предност од осум голови(21:13). За брзо време стигнуваме и до двоцифрена предност (23:13) во 40 минута од мечот. Лејно одлично бранеше, имаше до тие моменти 12 успешни интервенции. Нејзините одбрани им овозможија на црвено-црните да ја зголемуваат предноста. Со осмиот гол на Зебиќ резултатот на семафарот во 50 минута, гласеше 28:15. Итана Грбиќ успешно ја одработи пружената шанса да игра, постигнувајќи два гола во серија за позитива од 15 гола. Конечниот резултат гласеше 34:16. . На овој натпревар, Вардар настапи без Суслина, Радичевиќ и Дембеле.

Шанса да го почуствува ова финале, доби на голот и Петковска која забележа две одбрани. Во игра влегоа и младите Митова, Стојановска и Гакидова. Најефикасни беа Пенезиќ и Зебиќ со 8 погодоци. Ова е вкупно трети освоен куп во историјата за клубот, а втор во низа.