Кадетките на Жрк Вардар како второпласирани ја завршија сезоната во кадетската ракометна лига. Во младинска конкуренција, престои уште еден натревар, со што ќе се заокружи оваа натпреварувачка сезона кај младите категории.
-Кадетската лига ја завршивме на второто место, после нашиот најголем конкурент Металург. Нашата цел беше првото место, но не успеавме да се избориме за истото, секако голем удел имаат и повредите. Грешките од оваа сезона ќе ни бидат лекција за следната. Секогаш се стремам да го дадам најдоброто и да ја оправдам укажаната доверба од тренерот, бидејќи сепак чест и привилегија е да ги браниш боите на овој клуб.
Очекувањата за следната сезона се поголеми, секако со повеќе работа и поголем труд да се стигне до првото место.
-Верувам во квалитетот на мојата екипа и стручноста на нашиот тренер и сигурна сум дека следната сезона ќе постигнеме подобри резултати, со подобрување на тимската работа. Сега не очекува мал одмор, а потоа припреми за следната сезона, ни изјави членот на кадетската екипа на Вардар, Искра Давкова за нашиот сајт.
Звонко Ивановски