Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЦРВЕНО-ЦРНА ДОМИНАЦИЈА, РК ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ И НАЈАВИ ДВОЈНА ТИТУЛА

ЦРВЕНО-ЦРНА ДОМИНАЦИЈА, РК ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ И НАЈАВИ ДВОЈНА ТИТУЛА

Црвено-црна доминација оваа сезона на домашната сцена. Вардар го освои купот на Македонија и со тоа ќе ги обедини двата трофеи на домашната сцена. Натпреварот започна доста израмнето, Металург покажа “заби“ на стартот на овој дуел. Се играше израмнето до 10 минута,(3:3) кога црвено-црните заиграа многу подобро. Во продолжение Вардар прави серија од 4:0 за предност од 7:3. Оваа разлика дефинитивно ја направи Ангелов, кој до тој момент имаше шест успешни интервенции. После пет минути без погодок, тимот од Автокоманда враќа со два гола во серија. Ангелов останува несовладлива пречка за гостите, кој повторно успева да спречи седмерец. До 20 минута се игра гол за гол на двете страни, со тоа што црвено-црните ја држат разликата во своја корист стекната по онаа серија. На спротивната страна, Митревски исто така одговара со добри одбрани. Следи период каде подолго време двете екипи се без постигнат гол, со грешки на двете страни. Горбок ја прекинува оваа серија на неискористени напади, за да зголеми на 10:7 во 24 минута. Сините враќаат со два гола во серија, за само еден гол предност за нашиот тим. Сепак по првото полувреме, Вардар има предност.

Во вториот дел се играше многу интересно, гол за гол, нашиот тим имаше предност во текот на првите 20 минути од вториот дел, но таа разлика беше од 2 до 3 голови предност, никако нашиот тим не успеваше да се одлепи на повеќе од 3 до 4 голови.
Во 47 минута нашиот тим имаше пенал за +3 но Марковиќ повторно не успева да го совлада голманот на Металург, и натпреварот останува неизвесен за гледачите и нашите навивачи.
Во 50-тата минута резултатот гласеше 20:18
Во 52-та минута конечно Вардар погодува од 7метри преку Карачиќ, кој му беше ова 5-ти погодок, за 22:19
Металург издржа 50-тина минути, 56 минута Вардар поведе со 25:20
Феноменален на голот беше Петар Ангелов – Диви со 17 интервенции.
ЧЕСТИТКИ ЗА МОМЦИТЕ, ЗА ОВАА 10-ТА ТИТУЛА !
Фото: rkvardar.mk