Вчера се одигра одложеното 17 коло во рамките на националното првенство за млади категории. Помладите пионери забележаа висок триумф на гостувањето во Тетово, против екипата на Ренова. Конечниот резултат беше 2:5. Дури четири голови постигна најдобриот стрелец на оваа генерација, Марко Ѓоргиевски. Еднаш во листата на стрелци се запиша и Кренарт Дардиша.
Условите за играше на теренот во Тетово, не беа идеални за одигрување на фудбалски натпревар. Сепак поголемата желба за освојување на трите бода и мотив беа повеќе присутни во црвено-црниот табор. Уште по првото полувреме беша најавена победата, кога на одмор се замина со убедливи 1:4. Избраниците на Сашо Тодорвски имаа многу шанси, а најголем дел од нив ги искористија стрелајки во мрежата на противникот. Оваа генерација од натпревар во натпревар игра се подобро и се наметнува како најсериозен кандидат за освојување на Шампионската титула. Во чекор ги следат екипите на Шкендија и Шкупи од Чаир.
Во следното 18-то коло, Вардарци на домашен терен ја пречекуваат екипата на Милано од Куманово. Осовојувањето на трите бода и од овој меч се неопходни за зголемување на шансите за трофејот во домашното првенство.