Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов МВП на турнирот, Ангелов најдобар голман, Душебаев најдобар стрелец

Стоилов МВП на турнирот, Ангелов најдобар голман, Душебаев најдобар стрелец

Успешниот ден за црвено-црниот клуб, го заокружи екипата на Рк Вардар која со победата против Металург во финалето на купот на Македонија, го освои вкупно 10 трофеј во ова натпреварување. Заслужена победа за нашите момци, со оглед дека во текот на целиот натпревар имавме константно водство. Со ова титула, избраниците на Раул Гонзалес го најавија освојувањето на двојната круна. Во домашното првенство, Вардар е апсолутен фаворит за приматот Шампион на Македонија. Покрај триумфот и освоениот трофеј, дел од играчите се закитија и со поединечни признанија и награди.

vardarfans divi

Столе Стоилов беше прогласен за најдобар играч, или МВП на завршниот турнир. Еден сигурно од најзаслужните за победата во финалето, Ангелов е избран за најдобар голман. На мечот со Металург, зад неговото име беа запишани 18 успешни интервенции. Една повеќе на дуелот со Зомимак, имаше неговиот колега Арпад Штербик. Најефикасниот играч на финалниот меч, Душебаев кој постигна 8 голови е убедливо најдобар стрелец на завршницата на националниот куп. Ова е еден од најдобрите денови за Вардаровото семејство, кое освои голем број на трофеи.

vardarfans aleks

Фото. РкВардар мк.