Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мајсторе те фати дремка…
Мајсторе те фати дремка…

Мајсторе те фати дремка…

Мајсторе те фати дремка.. и ова успејавме да го видиме, во стилот на селска лига тренерот на Вардар Сергеј Андреев успеа да задреме на вчерашниот натпревар.
Изгледа го фати дремка голема по играта што ја прикажуваа неговите играчи, топлото време во Куманово и сонцето убаво му дојдоа на Андреев да си ги одмори очите по ”одличните” совети што ги дава кон своите играчи. Конечно дојде до фотографија низ објективот на колегите од другите сајтови, да се увиди убаво и низ  како тоа Андреев поминува натпревар на клупата на неговиот тим…
На неколку наврати Андреев изјави дека Вардар со овој тим пролетва ќе се прошета низ првата фудбалска лига на Македонија, но…. не било така лесно, и со ваков тим, и со вакви плати не оди!

Време е да се пресече, време е Вардар до добие тренер со тренерско педигре!
Андреев покажа овие една ипол година дека не е кадарен да биде тренер на тим со голем буџет, солидно платени фудбалери, и се останато. ..
5-то место минатата сезона, мизерна игра оваа сезона, Доста е!
Напред Вардар!
Фото: ekipa.mk