Нов ден и нов ракометен спектакл, денес во С.Ц. Јане Сандански. По завршувањето на настапите на Европска сцена, црвено-црните им се враќаат на мечевите во домашното првенство. Откако претходниве денови одигра многу натпревари во купот и во Супер лигата, денес сигурно е на повидок најважниот дуел за нашиот тим.
Се сретнуваме со стариот познаник, екипата на Металург која претрпе многу играчки промени изминатиов период. Но тоа нас не треба да не засега и мора со една борбена и пред се мотивирана игра до последната минута да се сруши целосно тимот од Автокоманда. Има добри, но и лоши спомени во сеќавање во дуелите со овој тим. Минатата сезона ја загубивме титулата, откако на домашен терен остваривме минимална победа, за во реваншот таа негатива Металург успеаа да ја анулира. Свесни се момците што ни се случи минатата година, и знаат како да пристапат на денешниот натпревар за да се забележи висока победа.
Споредувајќи ги моменталните состави на двата тима, Вардарци се во голема предност. Квалитетот е дефинитивно на наша страна, и се освен висока победа изразена во двоцифрена предност, ќе биде неуспех за избраниците на Раул Гонзалес. Сите играчи се на располагање на тренерот, и секој ќе ја добие својата шанса на овој натпревар. Момците ќе ја имаат повторно големата поддршка од Комити, кои најавуваат присуство во голем број и собир пред мајчин дом во 15 часот. Нема што многу да се коментира, денес треба да се излезе храбро и да се остави срце на терен. Ова е мечот кој може уште сега да го реши прашањето кој ќе биде идниот Шампион, а титулата дефинитивно треба да се врати, таму каде и е местото.