Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар поразен на првиот контролен натпревар
Жрк Вардар поразен на првиот контролен натпревар

Жрк Вардар поразен на првиот контролен натпревар

Вардарки беа поразени на првиот пријателски натпревар против екипата на Флери, која е лидер во Француското првенство. Овој меч беше од затворен тип, и заврши со победа на гостинките, со резултат 28:30. Ова е одлична можност за стручниот штаб и девојките да се подготват максимално за најзаначајното што ги очекува, на завршниот турнир во Будумпешта. Францускиот Флери се покажа како квалитетна екипа, која им се спротистави на нашиот тим.

Во недела двата тима ќе одиграат уште еден натпревар, кој ќе биде отворен за гледачите. Најефикасна беше Дембеле која постигна 5 гола, Пенезиќ додаде 4 голови.

Вардар: Лејно, Суслина, Радичевиќ 1, Николиќ 2, Лазовиќ 2, Дембеле 5, Сокач 3, Пенезиќ 4, Черноиваненко 2, Ихнева 3, Хмирова 3, Лекиќ 3