Единствена вардарова генерација која е без пораз оваа сезона во младинската лига ,е екипата на Фк Вардар У 18 предводена од тренерот Љупчо Марковски.Во ова шесто коло,црвено-црните забележаа победа на гостински терен против екипата на Ренова со резултат 0:2 и запишаа нови три бода.Стрелци на головите за Вардар беа:Есмин Личина и Виктор Димков
-Натпреварот се играше на прилично лош терен,каде што немаше убава игра и на двете страни.Во првите 20 минути ги постигнавме двата гола,и со добра и цврста одбрана не му дозволивме на противникот да создаде ниедна шанса.Во следното коло играме со екипата на Милано,и се надевам дека ќе ја продолжиме победничката серија,изјави Андреј Ричков за Вардарфанс.мк.
13.10.2014
Звонко Ивановски