Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Лео Андрески: Ние сите како тим имаме големи очекувања, затоа посветено работиме да ја освоиме по втор пат двојната круна
Лео Андрески: Ние сите како тим имаме големи очекувања, затоа посветено работиме да ја освоиме по втор пат двојната круна

Лео Андрески: Ние сите како тим имаме големи очекувања, затоа посветено работиме да ја освоиме по втор пат двојната круна

Кај генерацијата родени “2003“ година вчера се одигра фудбалски натпревар, во рамките на четвртфиналето од купот на Македонија, помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Поуспешни беа црвено-црните кои на теренот на академијата го победија ривалот со резултат 3:1 и на тој начин со предност ќе го дочекаат реваншот во Тетово. На овој натпревар два гола беа дело на Лео Андрески кој прикажа одлична игра и беше еден од најдобрите поединци, додека во листата на стрелци се запиша и Антонио Мирков. За впечатоците од победата против Шкендија можете да прочитате од изјавата на Андрески.

-Првиот четвртфинален меч со Шкендија беше фудбалско уживање, вистинско дерби. За мене лично најпосакуван противник затоа што  секогаш има фер игра, вистинска борба и многу адреналин. Овој дуел беше феноменален, се играше цврст фудбал, се одмеруваа силите, никој не се штедеше, секој даде се од себе и на крајот победи тимскиот дух, победи подобриот.

Само за потсетување пред три дена игравме со истиот противник, во рамките на редовоното коло од регионалната-скопска лига каде на истиов терен доживеавме пораз, кој беше прв сезонава за оваа генерација на Вардар.

-Пред три дена, за наша несреќа, имавме двајца повредени играчи, но и покрај тоа покажавме цврста игра и сплотеност, но среќата беше на страната на противникот кој на наше мало невнимание изнуди удар од белата точка и тоа беше пресудно да се сврти резултатот во нивна корист.

2

Кои беа пресудните работи за Вардарци психички да се вратат од саботниот пораз и да слават на првиот четврфинален меч од купот, против тимот на Шкендија.

-Советите на нашиот искусен тренер Горан Петрески, неговиот несебично вложен труд и неговата верба во нас беа пресудни да се вратиме психички и да ја оправдаме неговата доберба. Секако и комплетирањето на тимот не смее да се заборави. Ние сите како тим имаме големи очекувања, затоа посветено работиме да ја освоиме по втор пат двојната круна.

Андрески е еден од најдобрите стрелци за оваа Вардарова генерација во новата натпреварувачка сезона. неговото присуство на теренот носи подобра игра и сигурност на тимот кој го предводи тренерот Горан Петрески.

-Лично сум задоволен со својот придонес оваа сезона. Но се надевам дека ќе има уште многу што да покажам. Но бидејќи ние сме тим кој функционира како еден, за се што имам придонесено неизмерно сум му благодарен на мојот тренер Горан Петрески и на сите мои соиграчи кои слободно ке ги наречам браќа.

1323

По девет одиграни кола во регионалната – скопска лига, генерацијата “2003“ на ФК Вардар има седум победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

-Стартот на новата сезона во регионалната лига за нас не е на задоволително ниво.Меѓутоа ние тука не застануваме. Напротив тоа ни дава уште поголем поттик да ги исправиме грешките, да работиме упорно, сплотено, да дадеме се од себе, да истраеме и храбро да продолжиме понатаму за повторно да ја заслужиме титулата најдобри во регионот.

Звонко Ивановски