Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар Јуниор во сабота игра дерби со Металург во Автокоманда
ЖРК Вардар Јуниор во сабота игра дерби со Металург во Автокоманда

ЖРК Вардар Јуниор во сабота игра дерби со Металург во Автокоманда

Викендов на програмата во женската Супер лига е осмото коло, во истото екипата на Вардар Јуниор  предводена од Симе Симовски гостува во дербито кај  ЖРК Металург. Дуелот се игра во сабота, на 4-ти ноември во спортската сала “Автокоманда“. Почетокот на дуелот е закажан во 16 часот и 30 минути.

Вардарки влегуваат како како петтопласирани во овој дуел, тие имаат три победи, два нерешени резултати и два порази. Металург имаше лош почеток на оваа сезона, па по седум кола има освоено 12 бода и е трето пласиран.  Ова е прв дуел од втората рунда во женската суперлигашка конкуренција, во првото коло токму овие два тима одиграа дуел. Во истото црвено-црните дами победија со  27:25 (15-12).