Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Филип Антовски пред промоција во Динамо Загреб
Филип Антовски пред промоција во Динамо Загреб

Филип Антовски пред промоција во Динамо Загреб

Довчерашниот играч на ФК Вардар, Филип Антовски е пред преселба во екипата на Динамо од Загреб. Како што ни потврди и самиот играч, останува уште и официјална промоција пред да биде ставен потпис со шампионот на Хрватска.

Двата клуба наводно се договориле и Антовски ќе биде нов играч на Динамо Загреб. Антовски пристигна во Вардар во 2016 година од екипата на Еуроспорт од Куманово. Речиси ги помина сите повозрасни младински категории на Вардар, има забележано настапи и за првиот тим на Вардар, како и стандарден репрезентативец на Македонија до 19 години. Настапува на позицијата лев бек, но може да игра и како крилен фудбалер по левата позиција.