Friday ,18 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Кристијан Апостоловски: Чекориме по вистинскиот пат кон освојување на првенството
Кристијан Апостоловски: Чекориме по вистинскиот пат кон освојување на првенството

Кристијан Апостоловски: Чекориме по вистинскиот пат кон освојување на првенството

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар се нови лидери на табелата, откако успеаа да го добијат дербито со екипата на Шкендија. Црвено-црните со една сигурна и доминантна игра во текот на целиот натпревар го надиграа противникот и сосема заслужено на крајот се радуваа на победата. Конечниот резултат беше 5:2, а нашите младинци и по првото полувреме имаа водство од 2:0. Кристијан Апостоловски имаше свој ден, тресејќи ја дури четири пати противничката мрежа. Ова беше сигурно еден од неговите најдобри натпревари сезонава, а неговите погодоци му донесоа и прво место на неговиот тим.

-Одигравме еден прекрасен и возбудлив натпревар. Пред нас имавме квалитетен противник , екипата на Шкендија. Колективно целата екипа одигра на едно високо , полни со желба за победа . Искрено не верував дека ке им нанесеме толку болен пораз на екипата на Шкендија , но со прикажаната игра и тоа како ја заслуживме оваа победа. Со овој триумф значително си ја вративме самодовербата, после оние загубени 2 бода против екипата на Еуромилк . Преостануваат уште 6 кола до финишот на лигата и мислам дека чекориме по вистинскиот пат кон освојување на истата, изјави Кристијан Апостоловски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски