Голема победа за пионерите на фудбалскиот клуб Вардар на дерби натпреварот со екипата на Шкендија. Триумфот е уште “посладок“ ако се знае дека е забележан на гостинскиот терен во Тетово. Саит Битиќи со еден и единствен погодок на овој меч, го реши дербито во корист на Вардар. Со овие три бода Вардарци се нови лидери на табелата, откако ја истиснаа Шкендија на второто место. Во следното коло не очекува уште еден тежок меч со екипата на Шкупи, која е исто така наш директен конкурент за титулата. Овој натревар ќе одиграме на домашниот терен во населбата Марино.
-Многу тежок натпревар и до крај неизвесен, кој со многу труд и голема желба го добивме. Секако како и секоја друга екипа и ние имавме тактика, бевме засилени во нападот и секако со добра одбрана го добивме натпреварот. Секој оди со желба за победа, но до самиот крај никој не знае што ќе биде, но на крајот дојдовме до посакуваниот резултат. Добрата подготовка, напорните тренинзи и тимската игра беа пресудни за конечниот победник. Ке го дадеме својот максимум за да дојдеме до посакуваниот резултат, а тоа е првото место на крајот од сезоната. Ако продолжиме со ваквото темпо и игра мислам дека ќе го победиме и Шкупи во следното коло, но секако не треба да се опуштаме, изјави Виктор Пешевски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски