Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Резултати од натпреварите на најмладите учесници во ракометната “Јуниор“ лига
Резултати од натпреварите на најмладите учесници во ракометната “Јуниор“ лига

Резултати од натпреварите на најмладите учесници во ракометната “Јуниор“ лига

Викендов во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански продолжија натпреварите од Јуниор лигата. Нова можност да настапат добија најмладите учесници, тоа се девојчиња и момчиња родени од 2006/09 година. Беа одиграни вкупно шест натпревари, по вкупно 15 минути трае еден меч. Да напоменеме дека во оваа генерација, екипите играат мешано и момчиња и девојчиња. Ви ги презентираме сите резултати од натпреварите на најмладите учесници во Јуниор лигата.

Академија 1 беше убедлива во дуелот со екипата на Опш. Кисела Вода 2, совладувајќи ги со убедливи 11:1. По првото полувреме резултатот гласеше 0:5, а интересно е што последниот погодок на мечот беше дело на Опш. Кисела Вода, но само за почесен погодок на овој натпревар.

Академија 2 пак успеа да забележи триумф во мечот со екипата на Опш. Кисела Вода 1. Во натпревар со мал број на постигнати голови, на крајот поуспешно се снајде тимот на Академија 2 славејќи со резултат 3:0.

Нова победа за Академиите, овој пат Академија 3 беше подобра од екипата на Ѓорче Петров. Конечниот резултат на овој меч гласеше 7:1 во корист на Академија 3, која беше многу подобра екипата на теренот.

Екипата на Академија 2 одигра уште еден натпревар и тоа со тимот на Опш. Кисела Вода 2. Минимална победа на крајот за Академија 2 со резултат 2:1. По првото полувреме беше израмнет 1:1.

Екипите на Академија 1 и Ѓорче Петров пак ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резулат 4:4. По првото полувреме. По првото полувреме Ѓорче имаше водство од 2:1.

Втора победа во ова коло забележа екипата на Академија 3, која на крајот излезе како победник во дуелот со Опш. Кисела Вода 1. На полувреме резултатот беше 0:2. На стартот од вториот дел Кисела Вода намали на 1:2, но тоа беше единствениот гол за нив на овој меч. Конечниот резултат гласеше 1:5.