Овој викенд се одигра заостанатото и последно 10 коло во женска кадетска лига. Кадетките на ЖРК Вардар предводени од Платон Анжела остварија победа против тимот на Вардар Неготино со резултат 21-15 (9-10) и со триумф ја финишираа сезоната.
Натпреварот и првиот дел му припадна на тимот на Вардар од Неготино. Први натпреварот со гол го отворија избраничките на Платон, потоа се до крајот на првиот дел се играше изедначено, па на пауза се замина со еден предност за Вардар Неготино. Во вториот дел Кадетките на Вардар заиграа подобар ракомет од врсничките од Неготино, па за крај тоа да изгледа убедливо со шест голови разлика.
Во редовите на Вардар најефикасни поединки беа: Нелоска (11), Таневска (3) Тутиќ (3). А во редовите на Вардар Неготино: Ризова (5) Андонова (5).
Ова беше последен натпревар за кадетките на Вардар во првенството, кои ја завршија сезоната со вкупно 4 победи и 6 порази. Вардар Јуниор пак имаше послаб ефект од 2 победи и 8 порази. Треба да се напомене дека Вардарки се натпреваруваа во лига со повозрасни екипи.