Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Вардар настапи со 4 атлетичари на Државното првенство. Василевски го подобри значајно своето време, Мартиновски e легенда која трае, Ивановски и Завировски во топ10
АТЛЕТИКА! Вардар настапи со 4 атлетичари на Државното првенство. Василевски го подобри значајно своето време, Мартиновски e легенда која трае, Ивановски и Завировски во топ10

АТЛЕТИКА! Вардар настапи со 4 атлетичари на Државното првенство. Василевски го подобри значајно своето време, Мартиновски e легенда која трае, Ивановски и Завировски во топ10

На 9 Април со почеток во 09:30 часот, на кејот на реката Вардар кај мостот близнак по 11 пат се одржа полумаратонската трка трчаме кон целта. Воедно во склоп на оваа трка се одржа и државното првенство во полумаратон. Победник беше Србинот Кристијан Стошиќ. За нашиот црвено-црн атлетски колектив, АК Вардар настапија 4 атлетичари. Нашите Петре Завировски и Марко Ивановски влегоа меѓу најдобрите 10.

Завировски со резултат 1:19:50 се пласираше на 8 позиција во генерален пласман (7 меѓу Македонците). Марко Ивановски се пласираше на 10 позиција (8 меѓу Македонците). Легендарниот Трпе Мартиновски и на 51 годишна возраст сеуште гази, со резултат 1:21:33 се пласираше на 12 позиција (10 меѓу Македонците). Дејан Василевски кој се подготвува за 42.195км на Скопскиот маратон го истрча својот најбрз полумаратон. со резултат од 1:48:00. Тој за цели 14 минути го подобри својот личен најдобар резултат. Вардар фанс наското ќе ви донесе  кратки изјави  од сите четири вардарци кој трчаа на оваа полумаратонска трка, а во продолжение погледнете го  хајлајтсот од настапот на Завировски.