Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (Видео) Кадетите му приредија интересно изненадување за роденденот на нивниот тренер Чивлачки
(Видео) Кадетите му приредија  интересно изненадување  за роденденот на нивниот тренер Чивлачки

(Видео) Кадетите му приредија интересно изненадување за роденденот на нивниот тренер Чивлачки

Во саботата во с.р..ц “Кале“ се одигра мечот од кадетската машка ракометна лига , во кој кадетите на ракометниот клуб Вардар забележаа нова победа во лигата. Избраниците на Слободан Чивлачки беа подобри во дуелот со екипата на Делчево. Конечниот резултат на овој меч гласеше 37:29. Токму во сабота свој роденден имаше тренерот на оваа млада генерација Слободан , младите момци  знаејќи го овој факт, во тајност подготвиле изненадување за  својот ракометен педагог. По мечот  неочекувано за  Чивлачки тие му приредија пријатно изненадување. Младите момчиња му подарија подарок и обезбедија прекрасна торта што предизвика големо и пријатно изненадување за нивниот предводник од клупата. Вардар фанс присуствуваше на мечот и ви носи видео од овој интересен момент.