Младинците на Фк Вардар продолжуваат со добри игри и резултати во првенството. Оваа генерација игра се подобро, како доаѓа крајот на сезоната. Вчера беше забележан нов триумф и тоа на гостински терен. На гостувањето во Тетово, беа подобри од екипата на Дрита, забележувајќи минимална победа со резултат 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Тони Мирчевски.
- Одигравме еден доста тежок натпревар.Целата екипа изигра на едно високо ниво. Дуел во кој нијансии го решаваа победникот .Натпревар кој во првото полувреме помина без постигнат гол и без некои поконкретни шанси . Но затоа во второто полувреме покажавме кој е кој и постигнавме гол иако имавме и неколку сто процентни шанси за да го зголемиме водството . Повеке ја сакавме оваа победа од екипата на Дрита и ја остваривме зацртаната цел а тоа се трите бода.
Ова беше трета победа, во последните четири натпревари на младинците. Притоа имаат и еден нерешен резултат.
- Овој натпревар е уште еден доказ кој кажува за нашата форма која се движи во нагорна линија . Преостануваат уште 2 кола од крајот на оваа сезона и секако дека идеме на победа на истите, изјави капитенот на младинците Кристијан Апостоловски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски