Рк Вардар ја освои деветата првенствена титула во својата историја. Сезоната ја заврши со стопроцентен ефект, каде беа забележани победи на сите натпревари. На последните неколку натпревари тренерот Раул Гонзалес се одлучи да им дава шанса за настап и докажување и на младите ракометари, кои настапуваат за младинскиот состав на овој клуб. На последниот натпревар во Супер-лигата против екипата на Радовиш, после кој беше доделен пехарот и медалите за најдобрите, деби во црвено-црниот дрес имаше младиот голман Никола Кизиќ.
- Чувството да играш рамо до рамо со ѕведите од првиот тим на вардар е прекрасно очекував повик од тренерот Раул Гонзалес и искрено се надевам дека ја оправдав неговата доверба. Ова за мене како млад играч значи многу пред се едно огромно искуство и потик за уште по напорна работа, изјави Никола Кизиќ за Вардарфанс.
Претходно настапи за првата екипа забележаа и Стефан Трпчевски, Филип Арсеновски, Томи Јагуриновски, Тоше Ончев и Александар Димовски.
Звонко Ивановски