Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ!Големо признание за Вардаровиот борач Зубаиров кој се најде во ТОП 20 светски борачи
БОРЕЊЕ!Големо признание за Вардаровиот борач Зубаиров кој се најде во ТОП 20 светски борачи

БОРЕЊЕ!Големо признание за Вардаровиот борач Зубаиров кој се најде во ТОП 20 светски борачи

Големата љубов , посветеност , труд , макотрпна  работа која се вложува во БК Вардар доби и официјално признание во светски рамки . Така нашиот млад борач Зубаиров кој освои бронза на Европското Првенство во Полска ,но и на домашна сцена исто така младиот Халил доминираше и го освои турнирот “Македонски бисер“-Радовиш  се ова го вивна во топ 20 најдобри борачи во неговата категорија во светот.

Халил Зубаиров според ранг листата објавена на  UWW се најде во топ-20 борачи (види) за оваа сезона 2015 година. Младиот и надежен член на Вардар и Македонската репрезенација е рангиран на 18-сетото место на листата во категоријата до 86 килограми . Сериозната работа во клубот оданоста на шефот на стручниот штаб Професорот Пешко , тренерот Гајдаров и сите останатите од црвено-црниот борачки колектив го донесе ова признание . Мораме да напоменеме  дека се ова радува во пресрет на следниот голем предизвик за сите  нас настанот кој ќе се одржи во Азербеџан- Првите Европските игри  Баку-2015 .