Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Историја > КОМИТИ 28-ГОДИНИ НЕПОКОР 1987-2015! СРЕЌНА ГОДИШНИНА ЈУНАЦИ!
КОМИТИ 28-ГОДИНИ НЕПОКОР 1987-2015! СРЕЌНА ГОДИШНИНА ЈУНАЦИ!

КОМИТИ 28-ГОДИНИ НЕПОКОР 1987-2015! СРЕЌНА ГОДИШНИНА ЈУНАЦИ!

Денес е 4 Јуни ден на кој во летото господово 1987  во Скопје на Градскиот стадион се играше дербито во тогашната ЈУ-лига помеѓу екипите на Вардар и Црвена Ѕвезда (3:1) . На западната трибина за првпат од постоењето на клубот се забележува првиот транспарент КОМИТИ. Од тој ден па се до денес, Комитите го следат Вардар каде и да оди и против кого и да игра. Имаат гостувано во сите градови во Македонија, скоро во сите градови во поранешната СФРЈ, и во многу градови низ Европа.

Минаа 28 години непокор , одважност , пркост.. Комити се група која била и ќе биде синоним за Македонија , за патриотството за љубовта кон клубот број еден тифо група во земјава. Комити се постари од сите актуелни политички субјекти во земјава, постари се и од независна Република Македонија чии навестувачи и беа .Комити беа и ќе останат Вардарова Институција !

СРЕЌНА ГОДИШНИНА ЈУНАЦИ -НЕКА НИ СЕ МНОЖАТ ГОДИНИТЕ !