Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар ја освои деветата првенствена титула
Рк Вардар ја освои деветата  првенствена титула

Рк Вардар ја освои деветата првенствена титула

Спуштена е завесата на уште една ракометна сезона во Македонската Супер-лига. Екипата на Рк Вардар е новиот шампион на Македонија во првенството. Ова е вкупно девета титула за клубот во својата историја. Истата има значење, бидејќи по подолго време е освоена и двојната титула.

Последен противник за избраниците на Раул Гонзалес, за оваа сезона беше екипата на Радовиш. Како во ревијален натпревар без поголеми мотиви и на двете страни, црвено-црните заслужено стигнаа до нова убедлива победа. Конечниот резултат гласеше 35:23. Црвено-црните со стопроцентен ефект ја завршуваат сезоната, без да забележат ниеден неуспех. Ова беше последен натпревар во дресот на Вардар за Немања Прибак, Владимир Петриќ, Добривоје Марковиќ, Алексеи Растворцев, Михаил Чипурин и Стефан Терзиќ. Клубот со посебно внимание им се заблагодари за сето она што имаат придонесено за тимот. На мечот со Радовиш, тренерот Гонзалес им даде шанса за настап на повеќе момци кои се дел од младинската екипа. Шансата да заиграат покрај најдобрите ја имаа, капитенот на младинците Александар Димовски и голманот Никола Кизиќ. Во составот беа и Филип Арсеновски, Стефан Трпчевски и Тоше Ончев кои и претходно имаа забележано настапи за првиот тим.

Капитенот Лазаров беше наш најефикасен играч со 6 голови, еден помалку за младиот Ончев кој даде 5 погодоци. Се на се успешна сезона за нашата екипа, која ја освои двојната титула во домашни рамки, и повторно беше меѓу најдобрите осум екипи во Европа.