Професионалниот спорт носи и вакви емоционални моменти кога се делиме од нашите омилени играчи кој вградија дел од своето срце во големиот црвено-црн мозаик. Сезонава заврши за РК Вардар но и за шестмина наши лавови БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ МОМЦИ.
Вчера мечот со РК Радовиш беше последен за Немања Прибак, Добривоје Марковиќ, Алексеј Растворцев, Михаил Чипурин, Влаидмир Петриќ и Стефан Терзиќ . Клубот со пригодни подароци се прости од нив, навивачите ќе ги помнат засекогаш нивните игри , победите , головите , поразите и се она што заедно го проживееавме изминативе години . И редакцијата на Вардарфанс.мк ви посакува успех во понатамошната кариера .