Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Маркоски го реши Турново, пионерите ја забележаа третата последователна победа
Маркоски го реши Турново, пионерите ја забележаа третата последователна победа

Маркоски го реши Турново, пионерите ја забележаа третата последователна победа

Пионерите на Фк Вардар играат се подобро како завршува сезоната. На последните три натпревари во првенството, забележаа исто толку победи. Последна жртва беше екипата на Турново, која ја совладаа со високи 0:4. Натпреварот се одигра во Струмица, а ова е трет последователен триумф за црвено-црните. Стрелец на сите четири голови беше капитенот Дејан Маркоски.

Оваа генерација се наоѓа во одлична форма и тоа го покажуваат последните резултати на оваа екипа, каде забележаа убедливи победи. Уште по првото полувреме, ја најавија победата кога на одмор се замина со резултат 0:2. Капитенот Маркоски дефинитивно се наоѓа во врвна форма, за само два дена успеаа да постигне дури шест погодоци. Во саботата се најде во составот на кадетите и два пати се запиша во листата на стрелците. Голгетерското шоу го продолжи на мечот за своите пионери, каде беше во главна улога. Остануваат уште три натпревари за одигрување до крајот на сезоната. Во следното коло, Вардарци на домашен терен ја пречекуваат екипита на Дрита.