Избраниците на Сашо Јанев, помладите пионери ја завршија сезоната на второто место на табелата со само еден бод помалку од екипата на Работнички, која ја освои титулата во оваа генерација. Нерешениот резултат на домашен терен против Прилепска Победа и единствениот пораз во лигата од екипата на Шкендија на крајот не чинеа губење на титулата. Вкупно во лигата постигнавме 68 погодоци, а листата на најдобри стрелци ја предводи Ибрахим Ариф за кој ова беше прва сезона во црвено-црниот дрес.
Ова момче успеа да постигне 21 погодок, иако мора да се потенцира дека пролетниот дел го одигра послабо од есенскиот, каде имаше забележано 15 голови. Само еден гол е во националниот куп, додека сите останати во рамките на првенствените мечеви.
Вака изгледа листата на ТОП-5 најдобри стрелци за помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар, по завршување на сезоната 2015/16. Се земаат во обзир погодоците од двете натпреварувања.
1. Ибрахим Ариф 21 ( 20-првенство, 1-куп)
2. Виктор Петкоски 13 (12-првенство, 1-куп)
3. Давид Астарџиев 12 ( 10-првенсто, 2-куп)
4. Мартин Спировски 6 ( сите во првенството)
5. Марио Асенов 5 ( сите во првенство).