Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Александро Прелоговски е најдобар стрелец кај ФК генерација “2003“
Александро Прелоговски е најдобар стрелец кај ФК генерација “2003“

Александро Прелоговски е најдобар стрелец кај ФК генерација “2003“

Вардаровата генерација “2003“ важи за една од најефикасните, што се однесува по бројот на постигнати голови во детската лига за сезоната која финишираше. Избраниците на Ане Андовски не успеаа да се борат за првото место во својата генерација, откако во четвртфиналето беа неочекувано поразени од екипата на Постолов Пандев. Сезоната ја завршија со вкупно 123 постигнати голови, што е несомнено големо достигнување за оваа генерација, која играше еден од најубавиот фудбал. Мора да се напомене дека за цела сезона примија само седум голови. Со оглед на големиот број на погодоци, се издвојуваат неколку играчи со ефикасноста, а листата на најдобри стрелци ја предводи Александро Прелоговски со вкупно 16 постигнати голови.

Ќе ви ги презентираме најдобрите ТОП-7 стрелци за оваа генерација на крајот од сезоната:

1. Александро Прелоговски 16

2. Дарио Јовановски   14

3. Марио Петрушевски  14

4. Филип Ѓорѓиевски  13

5. Иван Пашариковски   11

6. Дамјан Ќосески  9

7. Влатко Стојановски  8