Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Ибрахим Ариф: Победата за мене е посебна, бидејќи ова беше последен меч во првиот дел од сезоната
Ибрахим Ариф: Победата за мене е посебна, бидејќи ова беше последен меч во првиот дел од сезоната

Ибрахим Ариф: Победата за мене е посебна, бидејќи ова беше последен меч во првиот дел од сезоната

Во саботата се одигра последното 11 коло од есенскиот дел на сезоната, помеѓу помлaдите пионери на Вардар и Милано. Натпреварот заврши со победа на црвено-црните со резултат 3:0. Стрелец на два гола беше Ибрахим Ариф и еден на Давид Астарџиев. Оваа генерација се наоѓа на првото место на табелата со вкупно 31 освоен бод. Тие се единствената Вардарова екипа, која сеуште не е поразена во лигата. Вкупно десет победи и еден нерешен резултат е билансот за избраниците на Сашо Јанев. Голема улога за добрите резултати има најдобриот стрелец Ибрахим Ариф.

-Оваа победа за мене е посебна, бидејќи ова беше последен меч во првиот дел од сезоната. Заслужено ги освоивме трите бода бидејќи бевме подобри од противникот, кој комплетно го надигравме. Задоволен сум од прикажаната игра на целиот тим и од моето залагање на теренот. Чуството да бидам најдобар стрелец во Вардар е одлично. Ова е заслуга и на моите соиграчи и секако тренерот Сашо Јанев, изјави Ибрахим Ариф за Вардар фанс.

Звонко Ивановски