Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Астарџиев и Манасиевски дел од Македонската фудбалска репрезентација до 15 години
Астарџиев и Манасиевски дел од Македонската фудбалска репрезентација до 15 години

Астарџиев и Манасиевски дел од Македонската фудбалска репрезентација до 15 години

Во наредниов период активни ќе бидат младинските фудбалски репрезентативни категории. Македонската репрезентација до 15 години, во вторник и четврток ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Црна Гора. Мечевите ќе бидат одиграни на гостински терен во градот Бар. За овие два контролни дуели, селекторот Беари го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета. Меѓу нив се најдоа двајца играчи на Вардар, кои настапуваат за помладите пионери.

Се работи за Давид Астарџиев и Филип Манасиевски, кои со успех го носат црвено-црниот дрес. Тие се стандардни во составот на оваа генерација на Вардар, која ја предводи Сашо Јанев. Манасиевски игра на позицијата стопер, додека Астарџиев е играч од средината на теренот. Двајцата имаат главна и забележителна улога во добрите игри на младите Вардарци, кои се наоѓаат на првото место по завршување на есенскиот дел од сезоната. Оваа генерација има една од најдобрите одбрани и напад во лигата. Астарџиев често се случува да се запише во листата на стрелци, на последниот против Милано постигна исто така гол.