Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТОГАЛЕРИЈА) Јуначка битка на црвено-црните со европскиот шампион и данските арбитри
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Јуначка битка на црвено-црните со европскиот шампион и данските арбитри

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Јуначка битка на црвено-црните со европскиот шампион и данските арбитри

Нашите момци денес во Спортскиот центар Јане Сандански го одиграа десетиот меч во својата историја со шпанската Барселона. Европскиот првак денес гостуваше кај силномотивираниот тим предводен од Раул Гонзалез. Вардарци се бореа машки цел меч со фаворизираниот тим од Шпанија кој за жал беше подпомогнат од несоодветната арбитража на данската судиска двојка. Силниот противник, судиската неправда и неколкуте промашени “зицери“ пред се на Шишкарев беа преголем товар за црвено-црните кој во финишот го испуштија водството и беа поразени.