Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов:Чудни судиски одлуки и нивниот голман ни ја одземаа победата -К.Лазаров: И двете екипи сме претеденти за фајналфор
Стоилов:Чудни судиски одлуки и нивниот голман ни ја одземаа победата -К.Лазаров: И двете екипи сме претеденти за фајналфор

Стоилов:Чудни судиски одлуки и нивниот голман ни ја одземаа победата -К.Лазаров: И двете екипи сме претеденти за фајналфор

Вардар ја нагости екипата на Барселона во нашиот храм С.Ц “Јане Сандански“ во меч од 8.коло во лигата на шампионите. Гостите кој се европски шампион потпомогнати од данските судии дојдоа до победата. На пресот по мечот шефот на стручниот штаб на црвено-црните изјави :

-Барселона одигра многу добар натпревар. Ние игравме добро во првите 15 минути и направивме три разлика на полувреме. Во второто полувреме имавме многу потешкотии со Жалуз, а кога излеговме понадвор со зоната, имавме проблеми со пикерот. Нивниот голман беше супер, исто така и Арпад Штербик, но Барселона знаеше како да игра во последните 10 минути. Сакам да ѝ честитам на публиката, навивачите беа одлични. Ние се потрудивме, но тоа не беше доволно против екипа каква што е Барселона, изјави Раул Гонзалес.

Пикерот на РК Вардар иконата на црвено-црните Столе Стоилов денес се врати во тимот по повредата добиена во сеха-лигата. Тој на прес-конференцијата по мечот изјави :

-Сакам да ѝ честитам на Барселона за победата. Одлично го отворивме натпреварот, имавме пристојно водство, но Барса знаеше да ги искористи нашите грешки и да дојде до егал. Почнавме лошо во второто полувреме и како се движеше крајот на натпреварот со некои чудни судиски одлуки и со одличниот голман на Барселона ни беше одземена победата. Жално е да загубиме ваков натпревар пред нашата публика и се надевам дека ќе имаме шанса да ѝ вратиме на Барселеона изјави Стојанче Стоилов.

Капитенот на македонската ракометна репрезенација и член на европскиот првак Барселона Кирил Лазаров денес одигра подобар меч од тој кога “Каталонците“ беа домаќини. Тој на прес-конференцијата го искажа својот став за дуелот во Јане Сандански:

-Немаше да биде незаслужено и Вардар да го добиеше овој натпревар. Ова е 8. коло од ЛШ, но ние ниту еден меч не го добивме лесно. Прави што правиш – противникот пак се добива во последните 15 минути. Ние знаевме што правиме вечерва, психички бевме добро подготвени и одлично го изнесовме натпреварот. Станува збор за две екстра екипи, ние со 17, тие 19 играчи сите одлични. И двете екипи се претенденти за фајналфор. Ова беше одлична ракометна претстава и можам да кажам дека тешко кој ќе победи на овој жежок терен, изјави Кире Лазаров .