Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите ремизираа, младинците со три бода се враќаат од Куманово
Кадетите ремизираа, младинците со три бода се враќаат од Куманово

Кадетите ремизираа, младинците со три бода се враќаат од Куманово

Денес Вардаровите категории кои се натпреваруваат во домашното првенство го комплетираа есенскиот дел од сезоната. Активни беа кадетите и младинците, кои со реми и победа се враќаат од незгодното и тешко гостување во Куманово.

Кадетите на Вардар и Милано одиграа со нерешен резултат 0:0. Во натпревар на кој повеќе имаше груба игра од страна на домаќинот и пред се лошиот терен, можеби освојувањето на еден бод беше највеќе што можеше да се стори на овој дуел. Без многу фудбалска убавина, мечот помина во голема борба на двете страни со неколку изгледни прилики за отварање на резултатот. Сепак тоа до крајот не се случи, па со почетните 0:0 заврши овој меч. Ова воедно е прв нерешен резултат за нашите кадети, кои го завршија есенскиот дел со уште седум победи и три порази.

Фк Вардар: Зибери, , Тодоров, Петревски Серафимов, Китановски, Тасевски, Насковски, Стојчевски, Менкиноски, Трајчевски, Маркоски

Младинците пак не дозволија изненадување и со три бода заминаа од ова гостување. Конечниот резултат гласеше 1:2. Стрелци на головите беа Јасир Беќири и Ердон Даци.

Двата погодоци нашите младинци ги постигнаа уште во првото полувреме, кога имавме предност од 0:2. Многу тешка победа, ако се знае на каков терен игравме на овој меч. Во вториот дел, Милано успеаа само да го намали резултатот на 1:2, иако црвено-црните имаа можност да го зголемат резултатот доколку капитенот Личина беше прецизен при изведување на удар од белата точка. Вардаровите младинци на успешен начин го завршија првиот дел од сезоната.

Фк Вардар: Трајчевски, Ричков, Личина, Исмаил, Цукалевски, Димитровски, Додевски, Даци, Димков, Беќири, Апостоловски.