Изминатиов викенд се одигра завршниот турнир на фудбалската “Вардар Јуниор“ лига. Ова е најнов проект на нашиот клуб, кој успешно се реализираше изминативе два месеци. Целта на оваа лига е да се прошири низ сите градови во Македонија. За сега свои деца имаме во Охрид, Ресен, Штип и Валандово и Скопје. Фк Вардар генерација “2003“ и “2005“ го освои првото место на завршниот турнир на “Јуниор лигата“ , кој во неделата се одигра во населбата Ѓорче. Успеавме да разговараме со тренерот на фудбалскиот клуб Вардар генер. “2004“ ,Филип Аросвски кој за нашиот сајт ги изнесе впечатоците и своите мислења за функционирањето на “Вардар Јуниор“ лигата.
-Со самото отворање на регионални фудбалски школи ,Фк Вардар дојде до идеја да го реализира и овој проект “Вардар Јуниор Лига“ . Целта на овој проект е преку систем на натпревари кои ќе се играат секој викенд, да се согледа целиот фудбалски потенцијал кој го поседуваат дечињата од нашите регионални школи ширум Македонија , а воедно и да се следи нивниот напредок.
Арсовски говори за значањето на оваа лига, која позитивно влијае за децата во Вардар и воопшто за Македонскиот фудбал.
Оваа лига е од големо значење за Фк Вардар, а воедно и за целиот младински фудбал во Македонија . Талентираните фудбалерчиња ќе бидат навремено вклучени во организиран тренажен процес со што позитивно би се влијаело на нивниот фудбалски развој. Како за прв пат “Јуниор лигата“ одлично функционира и веќе дава резултати. Децата со нетрпение ги очекуваат викендите резервирани за натпревари, забава и дружење, изјави Филип Арсовски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски