Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2007“ го одигра последното есенско коло во детската лига
Фк Вардар генер. “2007“ го одигра последното есенско коло во детската лига

Фк Вардар генер. “2007“ го одигра последното есенско коло во детската лига

Избраниците на Томче Трајановски, Фк Вардар генерација родени “2007“ година вчера го одиграа последното есенско коло во детската фудбалска лига. Тие беа единствените кои го комплетираа 12 коло, останатаите наши три генерации кои требаше да настапат, не ги одиграа своите натпревари поради густа магла на терените на ФФМ.

Фк Вардар (1) генерација “2007“ со победа го заврши првиот дел од сезоната. Совладана беше екипата на Кул со резултат 2:0. Најдобриот стрелец во оваа екипа Петар Мицевски постигна еден гол, додека вториот погодок беше дело на Стефан Младеновски. Сигурна игра за црвено-црните, кои со триумф го потврдија првото место на табелата во есенскиот дел.

Фк Вардар (2) генерација “2007“ одигра пак нерешено со екипата на Форца. Конечниот резултат гласеше 1:1. Стрелец на единствениот погодок за Вардар беше Борјан Томовски, кој воедно е најдобар стрелец за овој тим.