Еден од најголемите таленти во македонскиот фудбал добитник на наградата за најдобар млад фудбалер и член на Вардар добил покана да настапи за младинската фудбалска репрезенација на нашиот западен сосед Албанија. Тој беше дел од македонската селекција У-21, но некој чудни одлуки на федерацијата и пред се селекторот на У-21 Боби Милевски го “изолираа“ од повиците за настапи на што младиот фудбалер негодуваше. Асани потоа очекуваше повик од А-селекцијата на нашата земја, но и тоа не се случи.
Дали ова значи загуба на уште еден во низата млади фудбалски таленти кои добиа покани од други земји и истите ги прифатија по недобивањето на шанса во Македонија. Според “Лајм“ Албанската фудбалска федерација испратила писмо до Ф.К Вардар со барање да го ослободи младиот талент. Доколку го добие истото тој ќе мора да изостане на два пријателски меча во Анталија оној против ВАЦ Волфсбергер закажан за на 26 јануари и со тимот на Вил закажан за 28 јануари.
Home > ФК Вардар > Прв тим > Асани добил повик од Албанија, дали несериозноста на селекторот Боби Милевски го “брка“ Јасир од Македонските селекции