Вчера фудбалскиот клуб Вардар одигра меч на домашен терен со ФК Победа Прилеп, дуел кој го добивме со пресврт. Јасир Асани мечот го почна на клупата за резервни играчи, Седлоски почуствува дека му требаат неговите услуги за пресврт и го уфрли на 0-1 за прилепчани. Јасир ја зграби приликата и постигна убав гол во 88 минута кој го наговести пресвртот во продолжение. Цела клупа му давала храброст дека ќе влезе и дека ќе и “пресуди“ на Победа, особено мотивирачки биле зборовите на искусниот Горан Попов за овој млад играч. Асани за вчерашниот меч вели :
Задоволен сум навистина што постигнав гол кој донесе пресврт. Погодокот дојде кога му требаше на Вардар, верував дека ќе погодам сите колеги на клупата ме бодреа дека чим ќе влезам дека ќе постигнам погодок. Највеќе од сите Попов ми даде “крилја“ дека можам да успејам да поентирам откако ќе ме уфрлат во игра. Мило ми е што сме на седум плус на табелата, сега треба на секој дуел да идеме на нова победа, коло по коло. Вчера беше навистина силен натпревар, можеби на почетокот некако се опуштивме и ја потценивме Победа Прилеп, но сепак најважно од се е што ние ги освоивме трите бода на овој натпревар во лигата- изјави Јасир Асани за нашиот сајт.
Михајло Тушевски