Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ЈУНИОР ЛИГА: К.Вода-2 поуспешна од Гостивар, Кале триумфираше над Делчево кај момците во генер.2002/03 (ФОТО)
ЈУНИОР ЛИГА: К.Вода-2 поуспешна од Гостивар, Кале триумфираше над Делчево кај момците во генер.2002/03 (ФОТО)

ЈУНИОР ЛИГА: К.Вода-2 поуспешна од Гостивар, Кале триумфираше над Делчево кај момците во генер.2002/03 (ФОТО)

Вчера во малата сала при С.Ц Јане Сандански се одигра 2.коло во ракометаната Вардар Јунор лига. Во неа имаше на програмата три дуела кај момците родени 2002 и 2003 година. Вчера ви донесовме изештај од мечот  Кисела Вода Вардар-1 и РК Делчево Вардар кој може да го погледнете -тука. Во продолжение ви носиме извештаи и фотографии од останатите два дуела.

Во дуелот кај екипите на РК Општина Кисела Вода Вардар 2  и ГРК Гостивар Вардар поуспешна беше екипата од Скопје. Натпреварот започна со гол на Гостивар Вардар, потоа следуваше израмнување на резултатот, односно целосен пресврт и водство од 2-1 на РК Општина Кисела Вода Вардар 2. Потоа се играше многу израмнето се до крајот на првиот дел. По првиот дел и двете екипи успеаа да постигнат само по пет погодоци.

yun2
Во вториот дел со два гола тргна екипата на Гостивар Вардар. Потоа следуваше серија од 6-0 која ја направи тимот на РК Општина Кисела Вода Вардар 2 за предност од 11:7. Потоа оваа серија беше прекината со гол на Гостивар Вардар. Се до крајот РК Општина Кисела Вода Вардар 2 постигна уште четири погодоци за победа на овој натпревар од 15:11. Во тимот на РК Општина Кисела Вода Вардар 2, Виктор Митевски постигна 5 голови како и Дамјан Соколовски. Во тимот на Гостивар Вардар најистакнати беа Горјан Рафајлоски кој постигна 6 погодоци и Ѓорѓија Стојчевски со  три погодоци.

yun3

Во другиот дуел се сретнаа екипите на РК Делчево Вардар и тимот на  РК Кале Вардар. Победник во овој дуел беа момците на РК Кале. Мечот имаше две сосема различни полувремиња во првиот дел РК Кале доминираше целосно, апак во вториот дел делчевци изнајдоа сили и беа подобри од противникот. Мечот почна со гол за Кале на кој веднаш одговорија и изедначија на 1-1 играчите на Делчево. Се играше навидум рамноправно во почетните осум минути кога резулататот беше 2-3. По ова следуваше “бродолом“ за делчевските момци. Тие успеаа да погодат до крајот на првиот дел само еднаш, апак нивната мрежа се тресеше дури девет  пати. Со оваа огромна серија  1-9 РК Кале отиде на одмор со високи 3-12.

yun5

Вториот дел требаше да биде само рутина за играчите на Кале кој вледоа со плус девет во вторите дваесет минути, сепак РК Делчево имаше свои сметки. Делчево го отвори вториот дел со погодок. Потоа заигра далеку подобро во напад, а ја консолидираше и својата одбрана успевајќи да направи серија 9-4 и да дојде на само “минус четири“ 12-16 со кој целосно се вратија во игра по “студениот туш“ од првиот дел. Сепак до крајот останаа само последните пет минути во кој Кале почна да игра долги напади и несакаше да ја пропушти победата. Двата тима постигнаа по два погодоци и овој меч заврши 14-18. Кај победникот најистакнат беше Филип Личовски со четири гола, кај поразените Јован Петровски имаше пет погодоци.

yun6 yun7 yun8 yun9