Во малата сала при С.Ц Јане Сандански денес се одигра 2.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Во дуел кај момците во генерацијата родени 2002 и 2003 година се сретнаа екипите на Кисела Вода Вардар-1 и РК Делчево Вардар. Во овој машки дуел поуспешни беа делчевци со резултат 21-10.
Мечот започна со погодок на ракометарите на РК Делчево , на кој во следниот напад одговорија момците од К.Вода. Со два последователни гола делчевци одат на плус два, 3-1. Се игра во продолжение гол за гол на двете страни , двата тима постигнуваат по четири погодоци. На половината од првиот дел резултатот е 7-5 за Делчево. По ова Делчево влегува во изворедна серија , го затвора својот гол а во нападот немилосрдно го решети голот на Кисела Вода-1. Прават серија 6-0 и идат на одмор со предност од 13-5 која е круцијална за победата денес.
Вториот дел од 20 минути колку што се игра во оваа категорија еден период почнува со погодок на Кисела Вода-1 за намалување на 13-6. Сепак делчевци се подобар противник и прават серија 5-1 со која во 12 минута од вториот дел поведуваат со 18-7. Овие плус единаесет донесуваат сигурност во нивната игра, тие мирно влегуваат во финишот од дуелот. Во последните минути се игра мирно гол за гол со долги напади на двете екипи. Двата тима постигнуваат по три гола до крајот на мечот. РК Делчево победува со 21-10 на овој машки дуел во генер.2002/2003 во ракометната Јуниор лига.
Кај победникот тимот на РК Делчево Вардар прв стрелец со пет гола е Јован Петровски, апак по четити гола имаат Иван Милев и Стоиловски Никола. Кај поразените најистакнат е Дарко Велковски со четири гола.