Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Ниту 18 одбрани на Марко Кизиќ не беа доволни за победа на Вардаровите младинци во дербито со Работнички
Ниту 18 одбрани на Марко Кизиќ не беа доволни за победа на Вардаровите младинци во дербито со Работнички

Ниту 18 одбрани на Марко Кизиќ не беа доволни за победа на Вардаровите младинци во дербито со Работнички

Младинците на РК Вардар се порзени во дербито од младинската лига. Денес во спортско рекреативниот центар Кале тие одиграа натпревар со екипата на Работнички, кој го загубија со резултат 20:23.

Работнички прв постигна гол на овој натпревар, но Вардар врати со серија од четири последователни голови за предност од 4:1. Вториот гол противникот успева да го постигне дури во деветтата минута од мечот. Нашиот голман Марко Кизиќ започнува на голот и за кратко време забележува неколку успешни интервенции. Во наредните минути, гостинската екипа успева да го израмни резултатот на 5:5. По ова нашиот тренер Слободан Чивлачки побара тајмаут за да ја смири својата екипа. По подолга пауза без постигнат гол, конечно го кршиме “мразот“ преку крилото Бикоски за враќање на водството од 6:5. Мурат Куртановиќ на голот на Работнички е најголем виновник што Вардар не успева да се одлепи резултатски во овој дел од натпреварот. И ние го имавме расположениот Кизиќ кој пак е најзаслужен што Работнички не е во водство. Тоа дефинитивно беше период на двајцата голмани. На три минути пред крајот на првото полувреме Милошески успева да постигне гол за предност од 8:6. До крајот на првиот дел успеваме да заиграме подобро и на одмор да заминеме со три голови предност 11:8 по истекот  на првите 30 минути.

14595807_1680624582248592_1324638550001729718_n

На стартот на вториот дел Работнички постигнува два гола во серија за намалување на само еден гол разлика. Во следните пет минути црвено-црните повторно ги враќаат оние највисоки три гола гола разлика 15:12. Се играше цврсто на двете страни, а Кизиќ повторно спречува контра-напад на Работнички и не дозволува израмнување. Во наредниот период се играше гол за гол на двете страни, но противникот успева да стигне до ново израмнување од 19:19 во 51 минута од натпреварот. Многу наши грешки во нападот и брзоплетост не дозволуваа да имаме солидно водство. Кизиќ со нова одбрана спречува предност за гостинската екипа. Сепак гостинската екипа на три минути пред крајот доаѓа во водство од 20:22. Успешно го зачуваа водството и дуелот заврши со конечни 20:23.

Марко Кизиќ го заврши натпреварот со 18 одбрани, додека најефикасен во Вардар беше Христијан Милошевски со 7 голови

Вардар: Брунчевиќ, Ќосевски 1, Динев 2, Миланов, Милошевски 7, Стојковски, Мазниковски, Тушев, Атанасовски 1, Бикоски 2, Кизиќ, Олтовски, Нанов, Николов, Мисајлески 6, Стојчески 1.