Денес во градот Прилеп се одигра нов есенски турнир во фудбалската “Јуниор“ лига. На него настапија и Вардаровите генерации родени “2005“ и “2006“ година.
Избраниците на Игор Кралевски, генерација родени “2005“ се сретнаа со екипата на Еврофудбал-Вардар од Охрид. На овој натпревар забележаа убедлива победа од 8:0. Одлична игра за нашите млади надежи, кои продолжуваат со добри настапи. Капитенот Никола Величковски постигна четири гола, хет-трик за Давор Лефковски и еден гол зад името на Филип Јовановски.
ФК Вардар родени “2006“ година за противник ги имаа врсниците од Форца. Овој меч заврши со нерешен резултат од 1:1. По првото полувреме имавме водство од 1:0 со голот на Марко Николовски, додека во вториот дел Форца го израмни резултатот.