Денес во вечерен термин на арената “Филип втори“ се одигра мечот помеѓи нашиот Вардар и прилепска Победа. Црвено-црните во овој дуел со пресврт победија 2-1, на полувреме мечот заврши со предност за гостинот 0-1. За Вардар стартуваа: 90. Гачевски, 77. Брдаровски, 6. Грнчаров, 14. Велковски, 32. Глишиќ, 8. Спировски, 16. Глигоров, 70. Фелипе, 20. Николов, 10. Којашевиќ, 89. Боарето
Прва прилика имаше гостинската екипа која се заврши со корнер во 3 минута. Потоа црвено-црните тргнаа во офанзива на овој дуел. Спировски во 6 минута по изведен корнер го погодува Велковски кој со глава бие млако. Одличен соло продор бележиме во 15 минута на Глишиќ Дарко кој ја носеше топката 20 метри и одлично шутна од 25 метри , ударот во корна го исфрла голманот на прилепчани. Во 21 минута Којашевиќ паѓа во казнениот простор, но судијата Ѓорѓиевски Далобор сигнализира дека не е пенал. Се играше 24 минута “студен туш“ за вардарци, Ѓешовски постигнува гол за 0-1. Победа иако нема игра успева да поведе, прилепчани се повлекуваат во дефанива. Во 28 минута Спировски упатува опасан центаршут кој го промашуваат нашите напаѓачи, а последен и најблиску до топката беше Велковски на кој топката му мина неколку сантиметри крај главата. Николов се обиде две минути потоа, со глава. Голема прилика за нас во 35 минута Боарето е сам на сам со Талевски Давор, сепак голманот на Победа е побрз во оваа ситуација. Фелипе се обидува да го разигра црвено-црниот тим со постојани пасеви до својте колеги во продолжение. Боарето повторно е во прилика со глава погодува крај голот во 38 минута. Прекрасна прилика имаме во 41 минута , досуден е слободен удар на 17-18 метри сепак погодуваме само во живот ѕид. Докрајот ја видовме и најголемата прилика браилскиот интернационалец Боарето од 13-14 метра шутира крај голот. Бобан Николов во 46 минута со последен директен удар кон голот на победа само во рацете на Талевски.
Вториот дел Седлоски го почнува со измена на место на Глигоров влегува Блажевски. Прва прилка имаат гостите преку Наумовски кој шутира крај голот во 47 минута. Гачевски во 51 минута со чудесна интервенција го спасува нашиот гол, Филип дефинитивно е во репрезентативна форма. Вардар во продолжение има иницијатива која е јалова. Голема шанса има Фелипе во 60 минута кога од слободен удар го погодува само левиот дирек од голот на Талевски. Вардар се обидува да постигне гол целосно е префрлен на половината на ФК Победа Прилеп. Шиле од слободен одлево дирекно се обидува сепак голманот на прилепчани боксува во 62 минута. Којашевиќ во 63 минута од слободен удар го погодува живиот ѕид на гостите од само 16-17 метра. Во наредните 10 минути напаѓаме постојано без некоја прилика за одбележување. Јасир Асани го засилува нападот, тој влегува на место на Дарко Велковски. Во 75 минута Спировски од слободен удар погодува во живиот ѕид, кој денес е таличен и го погодуваме неколку пати. Победа е целосно оринирана на одбрана, игра класичен “бункер“. Фелипе го пробува шутот во 80 минута топката завршува над гредата. Во наредните пет минути се мачиме во напад нафрламе, а гостите лесни чистат. Којашевиќ промашува колосална шанса во 87 минта од 10сетина метра. Јасир Асани гол во 88 минута, налетува на една топка и ја заковува силно. Којашевиќ упатува бомба Талевски исфрла во корна. Судијата кој е задолжен за сигнализација покажува дека ќе се доигруваат седум минути. Којашевиќ во 90+ со бомба ја руши победа. Oва донесе нервоза кај противници кој направија мешаница.