Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 го доби дербито со Македонија Ѓ.П и остана лидер во првата ракометна лига
РК Вардар 2 го доби дербито со Македонија Ѓ.П и остана лидер во првата ракометна лига

РК Вардар 2 го доби дербито со Македонија Ѓ.П и остана лидер во првата ракометна лига

Екипата на РК Вардар 2 стигна до својата петта победа во правта ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски успеаа да го добијат дербито против екипата на Македонија Ѓ.П и тоа на теренот на противникот.

Младиот состав на Вардар многу добро го започна овој натпревар и веќе по првите пет минути имаше водство од 0:3. До првата половина на првото полувреме игравме многу добро и постојано бевме во водство. Во еден момент имавме највисоки четири голови разлика 4:8. Следи период кога имавме мал пад во играта, дозволувајќи на домашниот тим да постигне пет голови во серија и за прв пат на мечот да стигне до водство од 9:8. До крајот на првиот дел се играше израмнето на двете страни, па така на одмор се замина со нерешен резултат од 12:12.

Второто полувреме започнува со погодок на Македонија Ѓ.П. Во продолжение од мечот се игра гол за гол, ниту една од двете екипи немаа поголема предност од еден гол разлика. При резултат 18:17, Вардарци успеваат со серија од 0:3 да стигнат до водство од 18:20. До крајот на натпреварот имавме постијана предност, која не дозволивме ниту во еден момент да ја испуштиме. Игравме добро во двата правци на играта, давајќи му до знаење на противникот дека бодовите ќе завршат кај нас. На десет минути пред крајот резултатот беше 20:23. Сите работи околу конечн иот победник беа јасни кога Вардар направи пет голови разлика 25:30. До крајот се што успеа да стори домашниот тим и да ја намали негативата и да го заврши мечот со достоен пораз од 28:31

Најефикасен во нашите редови беше Стефан Крстевски со 9 погодоци. Еден помалку или 8 завршија зад името на капитенот Дамјан Трајковски, додека Стефан Чакалиќ постигна 5. Добар меч одигра и крилото Димитров кој го заврши натпреварот со 4 голови. На голот денес мора да се потенцира дека одличен беше Јагош Брауновиќ.

Вардар и по пет одиграни кола има максимален број на освоени бодови, со кои се зацврстува на првото место на табелата. Ова беше прв пораз за екипата на Македонија Ѓ.П.