Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Прв пораз за пионерите на ФК Вардар, пом. пионери ремизираа со екипата на Шкендија
Прв пораз за пионерите на ФК Вардар, пом. пионери ремизираа со екипата на Шкендија

Прв пораз за пионерите на ФК Вардар, пом. пионери ремизираа со екипата на Шкендија

Денес во Тетово, пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар го одиграаа деветтото коло во националното првенство. На двата натпревари остваривме нерешен резултат и пораз.

Помладите пионери успеаа да освојат бод на тешкото гостување во Тетово против екипата на Шкендија. Вардар во 45 минута прв го отвори резултатот и поведе со голот на Ибрахим Ариф. Сепак во второто полувреме во 58 минута, домашниот тим успева да ја затресе нашата мрежа и да го израмни резултатот на 1:1, што на крај се покажа и како конечен.

Тренерот Сашо Јанев започна со следниве 11-сетмина: Андов, Бојковски, Мирчевски, Ристевски, Манасиевски, Апсотоловски, Спировски, Николов, Ариф, Астарџиев, Димоски.

Пионерите пак го доживеаа првиот свој праз во новата натпреварувачка сезона. Загубивме минимално со 1:о и тоа со удар од белата точка. Вардар на овој меч беше драстично ослабен поради неиграњето на Велковски, Антовски, Стојановски кои се со репрезентацијата до 17 години на квалификацискиот турнир во Италија и без Марко Ѓорѓиевски кој го напушти клубот.

Стартувавме во следниот состав: Денковски, Рамиќ, Спасиќ, Пешевски, Ѓорѓиески, Стојчевски, Дарлишта, Али, Благојевиќ, Калчиноски.